Рим

339 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

8ми МАРТ ВО РИМ

Авионска програма

Сите патишта водат во РИМ... Рим е градот и лулката на цивилизацијата, архитектурата, уметноста, религијата, надополнување на античката архитектура и изразеното мајсторство на римската архитектура и уметност. Седиштето на “светата столица” - Ватикан е во самото срце на Рим, каде се наоѓа најголемата катедрала во светот -”Св. Петар”.

07.03.2019 (четврток) Скопје – Рим

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 12:00 часот.Авионот од Скопје полетува во 13:20 часот со WIZZAIR (W6 7757).Пристигнување во Рим (на аеродромот Чиампино 15:00 по локално време). Организиран . разглед на Рим со локален водич и бус: Катедралата Св.Џовани - Латерано, црквата на Пресвета Богородица,Плоштадот Де ла република,Виа Национале,Пјаца Барберини,Виа Венето,замокот Св.Ангело, Вила Боргезе, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (фонтаната на желбите), Пантеонот (најмонументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа Дел Корзо.... После разгледот заминување во хотел. Ноќевање.

08.03.2018 (петок) Рим – Ватикан

Појадок.Во договореното време заминување во центарот на градот со метро. Можност за индивидуални прошетки или шопинг во Рим. Во договореното време средба со локалниот водич и заминување за Ватикан, посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Катедралата Св.Петар,Сикстинската Капела, разглед на делата од Микеланџело, Рафаело...После посетата време за индивидуални активности. Ноќевање.

09.03.2018 (сабота) Рим –  Тиволи

Појадок. После појадокот предлагаме прекрасен излет до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтании познатата вила Д`Есте (градена во импозантен барок стил), која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во Рим. Можност за шопинг во центарот на Рим и враќање во хотел со метро во договореното време во попладневните часови. Ноќевање. 

10.03.2018 (недела) Рим – Македонија

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Организиран трансфер до аеродром Чиампино.Полетување за Скопје во 15:35 часот. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот.

 

Цена на аранжманот за уплата до 15.12.2018 – 319 евра (19.780денари)

Цена на аранжманот – 339 евра (21.000 денари)

 

Во цената е пресметано:

  • авионски превоз на релација Скопје - Рим - Скопје;
  • аеродромски такси;
  • рачен багаж макс.10 кг. – димензии (40x30x20cm)
  • сместување во хотел со 3* во близина на центарот во Рим на база 3 ноќевања со појадок;
  • разгледување на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
  • трансфер аеродром - хотел - аеродром;
  • организација и придружник на патувањето.

Во цената не е пресметано:

  • здравствено патничко осигурување - 250 ден.;
  • превоз,влез и разглед на Ватикан со локален водич - 50 евра;
  • превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич - 50 евра;
  • туристичка такса – 4 евра од ден по лице;
  • метро карти;
  • сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги.

 

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Рим
339 Евра
Малта
319 Евра
Лисабон
499 Евра