Атина

119 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Атина

 

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 08.03.201ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН - СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 10.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 99€/6.140 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€/7.380 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

     

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Организиран разглед на Атина со локален водич - 10
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус - 30€
  • Патничко осигурување - 5
  • Вечера во таверна - 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
6.760 Ден
Краков
169 Евра