Виена,Будимпешта и Братислава

8.620 Ден

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

 ВИЕНА, БУДИМПЕШТА И БРАТИСЛАВА - АВТОБУС - МАРТ

 

УБАВИЦИТЕ НА ДУНАВ БРАТИСЛАВА, ВИЕНА И БУДИМПЕШТА

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

  1. Мат (четврток) СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 12.00 часот. Тргнување за Братислава во 12.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

  1. Март (петок) БРАТИСЛАВА

Пристигнување во Братислава во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт...Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

  1. Март (сабота) БРАТИСЛАВА - ВИЕНА

Појадок. Факултативно, посета на Виена.Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера,катедралата св. Стефан,дворците Белведере и Шенбрун. Слободно попладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Враќање во Братислава. Ноќевање.

  1. Март (недела) БРАТИСЛАВА – БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Будимпешта. Разглед на Будимпешта со локален водич: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Потоа, крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со куси попатни паузи. Се патува преку Р.Србија.

  1. Март (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

 

ЦЕНА во предпродажба:

8.000 денари (129 евра)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

8.620 денари ( 139 евра)

 

Во цената на аранжманот e вклучено:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Сметување во хотел со 3*** во Братислава на база 2 ноќевања со појадок

Разглед на Братислава со локален водич

Организација на аранжманот и пратител на групата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

факултативна посета на Виена со локален водич – 1.550 денари(минимум 30 патници)

Разглед на Будимпешта со локален водич и крстарење со брод по Дунав -1.550 денари

Задолжително патничко здравствено осигурување

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

За овој програм важат Општите услови на патување на Магелан Травел Сервис

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
6.760 Ден
Краков
169 Евра