Истанбул

6.760 Ден

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

 

ИСТАНБУЛ - АВТОБУС - МАРТ

 

Истанбул – вратата на Ориентот, спој на Истокот и Западот, град од 1001 ноќ... само се некои од описите за овој магичен град. Опкружен со море од три страни, во кој живеат околу 18 милиони жители. Град кој со својата положба и обезбедува на Турција присуство во Европа. Распослан на два континенти, во срцето на Босфор, бил престолнина на Римското и Османлиското царство. Опиени од убавината на градот, неговите владари му го менувале името, го доградувале и чувале, а славата за него ја ширеле низ светот. Истанбул плени со својот шарм и привлекува многу туристи од цел свет. Европскиот дел на градот е всушност тој шармантниот и мистичен Истанбул, додека азискиот дел е резервиран за станбени блокови и деловни згради како и приватни имоти и вили на познати личности од Турција.

Приказна од ориентот

ИСТАНБУЛ

Автобус / 5 дена / 2 ноќи

Истанбул – вратата на Ориентот, спој на Истокот и Западот, град од 1001 ноќ... само се некои од описите за овој магичен град. Опкружен со море од три страни, во кој живеат околу 18 милиони жители. Град кој со својата положба и обезбедува на Турција присуство во Европа. Распослан на два континенти, во срцето на Босфор, бил престолнина на Римското и Османлиското царство. Опиени од убавината на градот, неговите владари му го менувале името, го доградувале и чувале, а славата за него ја ширеле низ светот. Истанбул плени со својот шарм и привлекува многу туристи од цел свет. Европскиот дел на градот е всушност тој шармантниот и мистичен Истанбул, додека азискиот дел е резервиран за станбени блокови и деловни згради како и приватни имоти и вили на познати личности од Турција.

  1. Maрт (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 16:00 часот. Тргнување во 16:30 часот. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

  1. Март (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели Џамија, Бејазитовата Џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија... Факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balikekmek (риба во леб) на Еминону. Сместување во хотел. Предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул...Ноќевање.

 

  1. Март (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во 537 година од Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем...Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини...Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

  1. Март (Недела) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк.. Потоа слободно време за прошетка до плоштадот Таксим и шопинг по најпознатата улица Истиклал… Факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со посета на познатиот Шопинг Центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА во предпродажба до 31. јануари

5.890 денари (95 евра)

Цена на аранжман:

6.760 денари (109 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус

- Сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Истанбул

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј, под подводниот тунел 10 евра

- Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра

- Крстарење со брод по Босфор 15 евра

- Посета на кула Галата 10 евра

- Вечера во национален ресторан 30 евра

- Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра, харемот во Топкапи 10 евра

- Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра

- Посета на Минијатурк 10 евра

- Доплата за 1/1 соба 2.400 денари

- Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

- За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

 

Општи напомени за патување:

Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
6.760 Ден
Краков
169 Евра