Краков

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

КРАКОВ - АВТОБУС - МАРТ

Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно - историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO - светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.

КРАКОВ

Автобус / 6 дена / 3 ноќевања

  1. Mарт (Среда) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

  1. Март (Четврток) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица... Сместување во хотел. Ноќевање.

  1. Март (Петок) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета натрадиционален ресторан - пивница. Ноќевање.

  1. март (Сабота) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА

Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивотo на земјата. Ноќевање.

  1. Март (Недела) КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

169 Евра (10.480 денари)

ЗА УПЛАТИ до 31. Јануари:

155 Евра (9.610 денари)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧУВА:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

Сместување во хотел 3*** во Kраков на база 3 ноќевања со појадок

Организиран разглед на Kраков

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативна посета на Auschwitz 35 евра

Факултативна посета на rudnikot za sol Wieliczka 35 евра

Факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel 15 евра

Вечера во национален ресторан – пивница 30 евра

Доплата за 1/1 соба 4.000 денари

Задолжително патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањетo.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311

Може да ви се допаднат

Истанбул
6.760 Ден
Краков
169 Евра