Нова Година Атина

119 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

АТИНА – НОВА ГОДИНА

1 ден 29.12.2019 СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден 30.12.2019 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.
3 ден 31.12.2019 ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 01.01.2020 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 02.01.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2019: 109€ / 6.760 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € / 7.380 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

    < Автобуски превоз на наведената релација  Сместување на база 2 НП во хотел 3*  Организација на аранжманот и пратител на групата  Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес * Трансферот на поаѓање може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови. Во цената на аранжманот не е вклучено: - Задолжително патничко осигурување 175 ден - Разглед на градот со локален водич(10€) - Факултативна посета на Пелопонез (30 €) - Вечера во Таверна (35€) - Посета на Пиреј и Сунион (10€) - Влезници за локалитетите и други факултативни посети - Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат