Нова Година Будимпешта

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

БУДИМПЕШТА  НОВА ГОДИНА 2020

1 ден 28.12.2019 – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 29.12.2019 – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.

3 ден 30.12.2019 – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден 31.12.2019 – БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕ
Појадок. По појадокот факултативно заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Дочек на Нова Година на централниот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање

5 ден 01.01.2020 БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 02.01.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.159/9.860ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€/10.480 денари

Во цената на аранжманот e вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
 Организација на аранжманот
 Лиценциран туристички придружник
 Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување 210 денари
– Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
– Крстарење по Дунав 20€
– Посета на Сент Андреа 10€
– Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
– Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
Доплата за еднокреветна соба 3.600 денари

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат