Нова Година Венеција

149 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ВЕНЕЦИЈА ( Верона-Сирмионе) 

НОВА ГОДИНА 2020

1 ден 29.12.2019 – СКОПЈЕ
Состанок на групата во 10.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 11.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 30.12.2019 – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Пунта Сабионе во претпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019 – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА
Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во вечерните часови враќање во Лидо и можност да се прослави Нова година 2020 на градските плоштади. Ноќевање.

4 ден 01.01.2020 – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 02.01.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11: 129€/8.000 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149/9.240 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
 -Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
 -2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
 -Организација на аранжманот
 -Лиценциран туристички придружник на патувањето
 Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневна задолжителна посета на Верона и Сирмионе 15 €
– Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција 20 €
– Посета на Фиренца 45 €
– Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
– Влезници за музеи и споменици
– Задолжително патничко осигурување 175 мкд
– Доплата за еднокреветна соба 2.480 денари

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Попустите не се комбинираат
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање

  •  

    Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат