Нова Година Виена

155 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ВИЕНА  НОВА ГОДИНА 2020

Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година 2020 по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав претставува вистинско уживање
1 ден 29.12.2019 Скопје – Виена
Состанок со групата во 11.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајковски и поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2019 Виена
Пристигнување во Виена во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019 Виена
Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2020 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 01.01.2020 Виена
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 02.01.2020 Скопје
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11: 145/ 8.990 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 155/ 9.610 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 Сместување во хотел 3* на база 2НП
 Професионален туристички придружник за време на целото патување
 Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ
 Организација и реализација на програмата
 Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
 Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезница за дворецот Шенбрун – 40€ – (влезница + локален водич + превоз)
• Разглед на Виена со локален водич – 10€
• Дунавска Кула – 20€
• Задолжително патничко осигурување – 175 ден
• Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат