Нова Година Истанбул 2Нп

105 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА 2020

1 ден 29.12.2019 – Скопје – Истанбул
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2019 – Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање

3 ден 31.12.2019 –Истанбул
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство (факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Дочек на Нова Година 2020 на некој од градските плоштади. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2020 – Султански Истанбул
Султански Истанбул + крстарење по Босфор
Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

05 ден 02.01.2020 – Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11: 95/5.890 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  105/6.910 ден.

 

Во цената на арнжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 Сместување во хотел со 3* на база 2 НП
 Панорамско разгледување на градот со локален водич
 Туристички пратител на програмата
 Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
* Факултативни Излети:
* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра
* Крстарење по Босфор – 20 евра
* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра
* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за музеите:
Топ Капи – 15 евра
Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
Харемот во Топ Капи – 10 евра
* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра
* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 40 евра
* Патничко осигурување 175 мкд.
* Доплата за еднокреветна соба 2.480

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

  • Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат