Нова Година Истанбул 3Нп

149 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

ИСТАНБУЛ СО ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

НОВА ГОДИНА 2020

1 ден 28.12.2019 – Скопје – Истанбул
Состанок на групата спроти хотелот Holiday In во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 29.12.2019 – Истанбул: Европа + Азија
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Ве водиме до прекрасниот видиковец на Азиската страна Чамлиџа од каде Истанбул се гледа како на дланка. Предлагаме прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 30.12.2019 – Византински и Султански Истанбул
Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возите околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме ручек во еден од многуте рибни ресторани.
Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 31.12.2019 – Истанбул
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор. Вечерта факултативно Дочек на Нова година 2020 во некој Ноќен клуб, Брод на Босфор или на некој од плоштадите во Истанбул Ноќевање.

05 ден 01.01.2020 – Истанбул – Скопје
Појадок. Предпладне организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. За крај го посетуваме големиот шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ден. 02.01.2020 – Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 129/8.000 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149/9.240 ден.

 

Во цената на арнжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 Сместување во хотел со 3* на база 3 НП
 Туристички пратител на програмата Фалкон
 Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Задолжително патничко осигурување 210 мкд.
• Панорамско разгледување на градот со локален водич (10€ )
• Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10€ )
• Крстарење по Босфор (20€)
• Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница: (35€)
• Дочек на Нова Година во Ноќен клуб: ( €)
• Дочек на Нова Година на брод по Босфор: ( €)
• Влезници: Аја Софија: (15€), Топ Капи (без Харем): (15€) , Харемот во Топ Капи– (10€)
• Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
• Доплата за еднокреветна соба 3.720 ден

НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат