Нова Година Атина

139 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

АТИНА – Дочек на Новата 2020 Година

АТИНА

Дочек на новата 2020 година

АТИНА – често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Името го добива по божицата АТИНА, која со векови била негова заштитничка. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Нејзиното место во човечката историја е многу значајно, поради фактот што во неа се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Денес, во Атина сеуште можат да се забележат антички градби и уметнички дела од тој период, меѓу кои најпознат е Акропол, кој е признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура. Таа е еден од главните светски центри за археолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

1 ден 29.12.2019 – СКОПЈЕ – АТИНА              

Состанок на групата пред спортскиот центар Борис Трајковски. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2019 – АТИНА        

Пристигнување во Атина во утринските часови. Ве водиме на ГРАТИС панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот,  стражата на Евзоните, стариот олимписки стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Атинската Агора, древниот  Акропол и новиот Акрополски музеј… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање. 

3 ден 31.12.2019  АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – АТИНА    

Појадок. По појадокот ни следува слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез, заедно со областа Арголида: Посета на Коринтскиот канал (канал кој ги поврзува Егејското и Јонското море), најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидариус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- древниот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Слободно време за одмор со можност за ручек во традиционалните локални таверни. Враќање во Атина. Вечерта дочек на Новата Година на градскиот плоштад Синтагма или Новогодишна вечера во таверна збогатена со уметничка музичка програма, како и мени од традиционалната грчка кујна.  Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2020 АТИНА – ПИРЕЈА- СУНИОН- АТИНА 

Појадок. После појадокот заминуваме кон уште еден незаборавен факултативен излет, прошетка покрај брегот на Аполон на Атика, најпознатите летувалишта Глифада, Вула и Вулиагмени. Прошетката ја завршуваме со посета на рт`от Сунион, на кој се наоѓаат историски остатоци од некогашниот антички храм, кој бил подигнат во чест на богот Посејдон. Овој излет го збогатуваме со посета на местото  Пиреја, каде се наоѓа едно од најголемите пристаништа на медитеранот и нејзините Марини. Слободно време за индивидуални активности, посета на локалните музеи, археолишки наоѓалишта…Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 02.01.2020 АТИНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и тргнување кон Македонија. Патувањето води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците – Леонидас) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Сместување Услуга 1/2 1/3
Хотел OSCAR 3* НП 149€ 139€

*Цените во табелата се однесуваат по лице

*Цените важат до 14.11.2019

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз на релација Скопје – Атина – Скопје со модерни високотуристички автобуси
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Оскар 3* (во централното градско подрачје)
  • ГРАТИС разглед на градот
  • Водич и комплетна организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативна посета на Пелопонез (30€)
  • Посета на Пиреја и Сунион (10€)
  • Влезници за индивидуални посети на други локалитети и музеи
  • Доплата за еднокреветна соба – (100 €)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса – 1€

Опис на сместувањето:

Хотел OSCAR 3* – се наоѓа во срцето на Атина, во непосредна близина на најатрактивните делови на градот: плоштадот Синтагма и Омонија како и Акрополот. Хотелот располага со 162 соби, секоја опремена со тоалет, WC, балкон, централно греење, климатизација, ТВ, Wi- Fi…

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат