Виена

169 Евра

Ви благодариме за довербата и изборот што го направивте

Виена

1 ден 09.10.2019 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 10.10.2019 Виена

Пристигнување во претпладневните часови во Виена и почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Попладнето после разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 11.10.2019 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 12.10.2019 Виенски шуми – шопинг центар Parndorf

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 13.10.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 149eur/9.238денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169еур/10.478денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Посета на шопинг центарот Parndorf
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 40€
  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30€ – мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
  • Патничко осигурување – 5€ / 310денари ( до 60 години )

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Истанбул
99 Евра
Будимпешта
109 Евра
Азурен Брег
219 Евра