Брисел

379 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

БРИСЕЛ – АНТВЕРПЕН – ЛУКСЕМБУРГ

АВИОН/ 4 дена / 3 ноќи

10 Март 2018 СКОПЈЕ - БРИСЕЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.40 часот. Авионот за Брисел полетува во 13.25, слетува во 16.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел. Вечерна прошетка и запознавање на дел од знаменитостите во централниот дел на Брисел. Ноќевање.

11 март 2018 БРИСЕЛ

Појадок. Ден посветен на Брисел – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... Препорачуваме посета на една од познатите работилници-фабрики на прочуените белгистки чоколади. Слободно попладне во кое може да се направи организирана посета на ресторан или посета на знаментост-музеј или пак индивидуални активности. Ноќевање.

12 март 2018 АНТВЕРПЕН И БРИЖ

Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж. Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја врлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКУ кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот...

Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКУ. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

13 мар 2018 ЛУКСЕМБУРГ - СКОПЈЕ

Појадок. Целодневен факултативен излет во Луксембург. Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата... Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 21.05, пристигнување во Скопје во 23.45 часот на аеродромот Александар Велики.

 

ЦЕНА за уплати до 15 декември: 319€ (19.780,00 мкд)

ЦЕНА за уплати до 15 јануари: 349 евра (21.640,00 мкд)

 

Цена на аранжманот: 379€ (23.500,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Брисел-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23 см максимална тежина до 10 кг.)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Брисел
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.280 мкд
  • Доплата за куфер до 20кг - 2.500мкд и куфер 32кг - 3.100 мкд
  • Екскурзија Антверпен и Бриж 65 евра
  • Екскурзија Луксембург 65 евра
  • Туристичка такса - 600 ден, се плаќа во агенција
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250мкд

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд.

Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањет

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Куба
1.195 Евра
Амстердам
379 Евра
Барселона
349 Евра
Брисел
379 Евра