Мадрид

459 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

Мадрид

АВИОН/ 5 дена / 3 ноќи

16 март 2018 СКОПЈЕ - СОФИЈА - МАДРИД

Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 17.50 и пристигнување во 20.40 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно вечер. Ноќевање.

17 март 2017 МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми...Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу", на кој настапува славниот кралски фудбалски клуб „Реал Мадрид". Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

18 март 2018 МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

19 март 2018 МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ – СОФИЈА

Појадок. Полудневен излет во местото Ел Ескориал - кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Софија со Wizz Air во 21.20 и пристигнување во 01:55 часот.

20 март 2018 СОФИЈА - СКОПЈЕ

Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Цена за упалти до 15 декември: 399 евра ( 24.750 мкд)

Цена на аранжманот: 459 евра (28.450 мкд)

 

Цената вклучува:

- Авионски превоз на релацијата Софија – Мадрид - Софија

- Трансфер Скопје – Софија – Скопје

- Рачен багаж (1 торба со димензии 55х40х23см со максимална тежина до 10 кг)

- Организиран трансфер Ародром – Хотел - Аеродром

- Сместување во Хотел во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Мадрид според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 Цената не вклучува:

- Аеродромски такси 4.900 мкд

- Чекиран куфер до 20кг – 3.300 мкд

- Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра

- Факултативна полудневна посета на Ел Ескориал 45 евра

- Факултативна посета на Фламенко

- Влезници во локалитетити

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување

- Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето!!!

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Куба
1.195 Евра
Амстердам
379 Евра
Барселона
349 Евра
Брисел
379 Евра