Париз

399 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

Градот на светлината - ПАРИЗ

Авион /4 дена /3 ноќевања

17.03.2017 - СКОПЈЕ – ПАРИЗ  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.45. часот. Полетување за Париз во 17.45 и пристигнување во Париз во 20.30 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Слободно време.. сместување и ноќевање..

18.03.2017 – ПАРИЗ Појадок. Запознавање на Париз, градот на светлината, полн со гламур и културни знаменитости. Панорамски разглед на градот: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај . Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе. Ноќевање.

19.02.2017 - ПАРИЗ – ВЕРСАЈ Појадок.Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од третиот кат . Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.

20.03.2017 - ПАРИЗ – СКОПЈЕ  Појадок. Посета  на Катедралата НотрДам, во најстариот дел од Париз. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат  “белата гулабица”.  Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge.  Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21.20 и пристигнување во 23.55 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра (24.700 ден)

ЦЕНА ВО ПРЕДПРОДАЖБА 339 евра (21.000 ден)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-       Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје

-       Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55x40x23 см) до 10 кг

-       Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром

-       Сместување во Хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок

-       Оганизиран разглед на Париз

-       Оганизирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

-       Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

- Панорамски разглед 10€

- Чекиран багаж (1 куфер) 20 kg 4.100,00 ден во двата правци

- Посета на Версај  40€ (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)

-  Карти за јавен превоз (метро)

-  Влезница за Ајфелова Кула od 12 do 16 евра, Крстарење со брод по Сена 15€

-  Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) 30€

-  Посета на Мулен Руж

-  Патничко-здравствено осигурување 150 денари

-  Турситичка такса

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во  денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денариПасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Куба
1.195 Евра
Амстердам
379 Евра
Барселона
349 Евра
Брисел
379 Евра