Рим

299 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

Сите патишта водат кон РИМ

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

15 Март (Четврток) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим во 13:15 часот. Слетување во Рим во 15.00 часот. Трасфер за до Рим и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар...Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободна програма, можност да се почувствува атмосферата во италијанските кафулињата или ресторани. Ноќевање.

16 Март (Петок) РИМ – ВАТИКАН - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар.... Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - ренесансната палата од 16 век со своите илјада фонтани. Ноќевање.

17 Март (Сабота) РИМ

Појадок. Прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент... Вечерта, факултативно, прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

18 Март (Недела) РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 15.30 часот. Пристигнување во Скопје во 17.05 часот.

Цена во предпродажба до 25 декември: 249 евра (15.440 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 евра (18.540 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
  • Кабинска тоба со димензии 55х40х23 до 10кг
  • Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • Сместување во хотел Порта Маџоре на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на градот
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 денари
  • Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
  • Багаж – чекиран куфер до 20кг – 2.500 мкд
  • Факултативни излети:
  • Посета на Ватикан со локален водич и влезница
  • Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
  • Посета на Тиволи со локален водич и влезница
  • Факултативна вечера во ресторан
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Куба
1.195 Евра
Амстердам
379 Евра
Барселона
349 Евра
Брисел
379 Евра