Атина

119 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

АТИНА


Автобус 4 дена/ 2 ноќи

08 март (четврток)                        СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на групата на паркингот на Holiday Inn  во 18:00ч. Поаѓање за Атина во 18:30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

09 март (петок)                               АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови.Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се посетат: Плоштадите Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

10 март (сабота)                            АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен  излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена, Античкиот град и  гробницата на Агамемнон. Можност за ручек во локална таверна, како и посета на продавница со рачно изработени сувенири од порцелан и керамика.

Враќање во Атина. Ноќевање.

11 март (недела)                           АТИНА - СКОПЈЕ             

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна полудневна посета на пристанишното место Пиреја и Сунион, најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање прошетка покрај најпознатите монденски летувалишта, Глифада и Вула. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА  НА АРАНЖМАНОТ:          119 евра....... 7.380 денари

За уплата до 25 Јануари:             109 евра…….. 6.820 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- автобуски превоз на наведената релација

- сместување во хотел 3***  на база на 2 ноќевања со појадок

- разглед на Атина со локален водич

- организација на аранжманот и пратител на групата

 ЦЕНАТА  НЕ  ВКЛУЧУВА:

- Факултативна посета на Пелопонез  30 €

- Вечера во таверна со богата музичка програма 35 €

- разглед на Пиреј и Сунион 10 € 

- Задолжително патничко осигурување

- Доплата за 1/1  

- влезници за локалитетите

- други факултативни посети

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат
  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Туристичката Агенција го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.           

 Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Венеција
135 Евра
Атина
119 Евра
Будимпешта
109 Евра