Букурешт

109 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

БУКУРЕШТ

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 

15.март (среда)           СТРУМИЦА – БУКУРЕШТ

Состанок на групата во 18:30 часот. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

16.март (четврток)         БУКУРЕШT

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот, познат и како „малиот Париз на Истокот“: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот (најголемата административна зграда во Европа), Патријаршијата, Селото Музеј… Во попладневните часови, сместување во хотел и слободно време за одмор. Ноќевање.

17.март (петок)        БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Заминување на факултативен излет, со посети на дворецот Пелеш во Синаја (еден од најубавите дворци во Европа и некогашна летна резиденција на романските кралеви), на замокот Бран (познат и како Замокот на Дракула), како и на градот Брашов лоциран во централниот дел на земјата – регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Посета на тамошната “Црна црква” од XIV век, која е воедно и најголема готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Вечерта, можност за факултативна  вечера во национален ресторан. Ноќевање.

18.март (сабота)    БУКУРЕШТ – СНАГОВ – СТРУМИЦА

Појадок. Заминување од хотелот и Букурешт кон Макеоднија. Попатна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на владетелот Дракула. За ова место постојат верувања дека и денес се обвиени со тајни и мистерии.  Патувањето продолжува преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Струмица во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот:             109 €     (6.760 мкд)

Цена во претпродажба:           99 €     (6.140 мкд)

 

Во цената е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Oрганизирани разгледи според програмата

– Сместување во хотел *** на база на 2 ноќевања со појадок

– Организација и придружник на патувањето

– Патничко здравствено осигурувањ

Во цената не е вклучено:

– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€)

– Факултативна вечера во национален ресторан (25€)

– Влезници за музеите и културно-историските споменици

 

Напомени:

– Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

 

 

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Венеција
135 Евра
Атина
119 Евра
Будимпешта
109 Евра