8-ми Март Andreа Bocelli во Загреб

215 Евра

Драги дами, овој ден е Ваш! Нека Ви биде посебно убав со некој од нашите аранжмани!

Најубавиот подарок за Денот на Жената

 

Eксклузивен настaп на   

Andreа Bocelli во Загреб

 

Автобус/ 3 дена/ 2 ноќевања

 

По повод Меѓународниот Ден на Жената, познатиот италијански тенор – ѕвездата со моќен глас Andrea Bocelli ќе се претстави во Загреб со спектакуларна програма од два дела. Во првиот дел ќе ги изведува најпознатите класични опери, а во вториот дел ќе се претстави со неговите најголеми љубовни хитови и ќе овозможи вистинско музичко уживање. Бидете дел од оваа љубовна магија.

  1. 08. Март (Четврток) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ

Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 21.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

  1. Март (Петок)             ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

  1. Март (Сабота)             ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

Појадок. Препорачуваме посета на Плитвички Езера. Национален парк на 120 км од Загреб, под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасните водопади и магичната природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот на езерата. Враќање во хотел во попладневните часови. Организирано поаѓање на концертот на Andrea Bocelli. Неколку часовно уживање во неговите најубави балади “Time to say goodbye”, “Viva per lei” и многу други. Ноќевање.

  1. Март (Недела) ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб  до 18.00 часот. Поаѓање за Скопје и ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.

 

За уплата до 15 Декември              195 евра       (12.090 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               215 евра       (13.330 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје

- Сместување во хотел International 4* (www.hotel-international.hr) во Загреб на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Загреб со локален водич

- Влезница за концертот на Andrea Bocelli во Арена Загреб 

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Посета на  Национален парк Плитвице (превоз, влезница и водич) 35 евра

- Патничко – здравствено осигурување

- Доплата на еднокреветна соба 50 евра

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Ви треба помош ?

Поврзете се со нас на телефон: 034 330 311 Моб 078 340 311 Работно Време 10:00 - 19:00

+389 (0)78 340 311


Може да ви се допаднат

Венеција
135 Евра
Атина
119 Евра
Будимпешта
109 Евра