Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com
(Ница – Кан – Антиб – Сен Тропе – Монако – Монте Карло)
Tермин: 28 декември 2023 | 6 дена – 3 ноќи | Автобус
1ден/ 28.12 (четврток) СКОПЈЕ – МОНАКО
Состанок на групата во 09:00ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2ден/ 29.12 (петок) КАН
Пристигнување во Кан во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината… Ноќевање.
3ден/ 30.12 (сабота) КАН – СЕН ТРОПЕ
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи (Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.
4ден/ 31.12 (недела) КАН – АНТИБ – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)… Потоа продолжуваме со посета на Ница… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови. Ноќевање.
5ден/ 01.01 (понеделник) КАН – ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето…Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот (влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
6ден/ 02.01 (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 329€ / 20.400мкд
За уплата до 10.11.23 299€ / 18.540мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 140€
Напомена:
Секојдневно се качуваме по скалила кои претставуваат едно ново искуство, ново доживување…
Телефон : 034330311
Мобилен : 078340311
Локација : Јосиф Јосифовски Свештарот бр.23
Е-маил : skalatravel2010@yahoo.com